• недела, 28 април 2024

Канада ги предупреди своите државјани да не патуваат и да го напуштат Израел

Канада ги предупреди своите државјани да не патуваат и да го напуштат Израел

Отава, 13 април 2024 (МИА) – Канада ги предупреди своите државјани да ги избегнуваат сите патувања во Израел, Газа и Западниот Брег, со што ја зголеми проценката на ризикот за регионот поради зголемената закана од напади на израелска територија.

Министерката за надворешни работи Мелани Џоли на Х напиша дека Канаѓаните кои веќе се во областа треба да размислат за заминување со комерцијални средства.

- Со зголемен ризик од напади на израелска територија, регионалната безбедносна ситуација останува многу нестабилна и може да ескалира без најава, напиша Џоли на Х.

Федералната влада претходно ги советуваше Канаѓаните да избегнуваат несуштински патувања во регионот. јт/

Остани поврзан