• недела, 22 декември 2024

Кампања на РСБСП „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“

Кампања на РСБСП  „ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО“

Скопје, 19 март 2024 

Потребата за паркинг места е сѐ поистакната заради континуираниот пораст на бројот на моторни возила во РСМС, зголемениот број на жители во населените места и модерните навики на луѓето за почесто користење на индивидуално моторно возило наместо јавен превоз или разни форми на одржлива мобилност (пешачење, возење велосипед и сл.).

            Кога паркирањето не е регулирано, може да предизвика низа неповолности за возачите, како на пример:

·        зголемен стрес кај возачите,

·        продолжено време за пристигнување на посакуваната дестинација,

·        зголемени трошоци,

·        нарушување на просторот наменет за пешаци,

·        узурпирање на зелени површини,

·        запирање и паркирање на места наменети за инвалидизирани лица,

·        повреди на законските регулативи,

·        можни казни за возачите и сл.

            Заради унапредување на состојбата со паркирањето и зголемување на безбедноста на сообраќајот, РСБСП повикува:

·        паркирајте го возилото на места означени за тоа,

·        не користете мобилен телефон додека паркирате,

·        во паркинг просторот возете забавено и внимавајте на другите возила и пешаците,

·        внимавајте на сообраќајните знаци кои се однесуваат на паркирањето,

·        не паркирајте на места обележани за паркирање на возила на лица со попреченост,

·        не паркирајте преку обележаните ленти за паркирање - почитувајте го просторот за секое возило, и др.

РСБСП упатува апел: ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО заради унапредување на вашата и безбедноста на другите учесници во сообраќајот на патиштата.

РСБСП

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото РСБСП

 

    

Остани поврзан