• недела, 22 декември 2024

Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје 

Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“ за подигнување на свеста за менструалното здравје 

Скопје, 2 декември 2024 (МИА) – Во „Јавна соба“ во Скопје, денеска со почеток во 18 часот ќе се одржи панел-дискусија како дел од кампањата „ВТОР ДЕН МИ Е“ која има за цел да ја подигне свеста за предизвиците на вториот ден од менструалниот циклус и да ја разбие стигмата поврзана со менструалното здравје на жените.

На панел дискусијата ќе учествуваат Весна Јаневска, министерка за образование и наука, д-р Симонида Котларова Попоска, гинеколог, Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија и Емилија Спасовска Мојсовска, нутриционист.

По дискусијата ќе биде отворена фото изложбата „ВТОР ДЕН МИ Е“, каде 13 девојки и жени се фотографирани на вториот ден од циклусот и на друг ден, прикажувајќи ја евидентната разлика. 

Фотограф на изложбата е Стефан Самандов.ар/ев/

Фото:Кампања „ВТОР ДЕН МИ Е“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан