• среда, 24 април 2024

Кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“ претставена во Прилеп

Кампањата „МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“ претставена во Прилеп

Прилеп, 1 април 2023 (МИА) - Во рамките на кампањата на МВР и на Македонскиот полициски синдикатв„МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност“, денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во центарот на Прилеп, полициски службеници од прилепската полициска станица спроведоа активност“.

На граѓаните им беа делени летоци со едукативна содржина, а полициските службеници на граѓаните им ги презентираа и им ги објаснуваа полицискoто работење и градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните.

На најмалите, дечињата, во присуство на нивните родители, им беа презентирани опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.ем/

Фото: МВР

Остани поврзан