• сабота, 15 ноември 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Политичките партии, коалициите и независните кандидати и денеска пред граѓаните ќе продолжуваат со претставување  на своите програми и кандидатите за градоначалници за локалните избори кои ќе се одржат на 19 октомври. Денеска се најавени митинзи и директни средби во повеќе општини низ државата.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе ги претстават своите кандидати во Росоман, во Градско, Лозово и во Велес, додека СДСМ има најавено активности во Богданци, Зрновци, Чешиново-Облешево, во Виница и во Кочани.

Претставници на Левица денеска ќе остварат средби со граѓани во Кочани и Штип, каде ќе ги претставува своите кандидати за градоначалници и за советници.

Кампањата официјално завршува на 17 октомври на полноќ, по што следува изборниот молк пред гласањето на 19 октомври. Вториот круг е закажан за 2 ноември. фф/бк/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан