• четврток, 25 април 2024

Камерон утре во еднодневна посета на Израел

Камерон утре во еднодневна посета на Израел

Лондон, 16 април 2024 (МИА) – Британскиот министер за надворешни работи, лордот Дејвид Камерон во текот на ноќта треба да пристигне во еднодневна посета на Израел.

Тој ќе се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, министерот за надворешни работи Израел Кац, а можеби и министерот во воениот кабинет Бени Ганц, иако тоа сè уште не е финализирано, јави Тајмс од Израел.

Една од главните пораки на Камерон ќе биде потребата да се спроведат израелските ветувања околу проширените рути за хуманитарна помош до Газа, со фокус на отворањето на пристаништето Ашдод и нов премин од северниот дел на Газа, изјави британски функционер за Тајмс оф Израел.

Највисокиот британски дипломат, исто така, ќе ја нагласи потребата да се подобри односот со хуманитарните групи во Газа.

Тој, исто така, ќе разговара за иранскиот напад со проектили и беспилотни летала, тензиите во Либан и напорите да се извлечат заложниците од Газа.

Камерон ќе посети и високи претставници на палестинската управа во Рамала.

По Израел, Камерон ќе отпатува за Капри, Италија, на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7, кој ќе се фокусира, меѓу другите прашања, на војната во Газа и за ефективен политички пристап кон решението за „два народи, две држави“, соопштиле италијанските организатори. јт/

Остани поврзан