Камавинга повторно се повреди
- Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга има повреда на левото бедро, како што покажаа денешните медицински тестови, соопштија од неговиот клуб.
Мадрид, 17 јануари 2025 (МИА) - Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга има повреда на левото бедро, како што покажаа денешните медицински тестови, соопштија од неговиот клуб.
Францускиот репрезентативец повредата ја заработи при синоќешната победа над Селта во продолжението од 5-2 во Кралскиот Куп. Тој се појави како замена во 70. минута од натпреварот.
Ова е негова трета повреда сезонава, откако ги пропушти првите осум натпревари на неговиот тим во оваа кампања, а минатиот месец отсуствуваше уште четири меча. Според шпанските медиуми, Камавинга сега ќе биде надвор од терените околу 3 недели. Така, сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас, РБ Салцбург, Ваљадолид, Брест и Еспањол, а се очекува да се врати за градското дерби со Атлетико Мадрид на 9 февруари.
Оваа сезона 22-годишниот играч од средниот ред одигра 16 натпревари со 1 гол и 2 асистенции во сите натпреварувања. дс
Фото: Архива