• понеделник, 01 јули 2024

Калиниќ потпиша договор со Хајдук за плата од едно евро

Калиниќ потпиша договор со Хајдук за плата од едно евро

Сплит, 4 јануари 2024 (МИА) – Фудбалерот Никола Калиниќ шест месеци подоцна се врати во Хајдук од Сплит. Триесет и петгодишниот Хрват потпиша договор до крајот на сезоната 2023/24. Платата на играчот ќе биде едно евро месечно. 

- Ова беше најлесниот трансфер во последните три години во Хајдук, изјави спортскиот директор на клубот Миндаугас Николициус.

Калиниќ е без клуб од летото 2023 година, кога му истече договорот со Хајдук. Минатата сезона на 18 натпревари постигна четири гола и две асистенции.

Хајдук е лиде рво хрватското првенство со 41 бод, шест повеќе од второпласираната Риека. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан