• недела, 19 јануари 2025

Калас следната година ќе ја посети Босна и Херцеговина

Калас следната година ќе ја посети Босна и Херцеговина

Брисел, 19 декември 2024 (МИА) - Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас на својот профил на „Х“ објави дека следната година ќе ја посети Босна и Херцеговина.

-Сакаме Босна и Херцеговина да успее на нејзиниот пат кон пристапување во ЕУ, објави Калас на „Х“ по вчерашната средба со претседавачот со Босна, Желка Цвјановиќ, со која „разговараше за напорите што се прават кон ЕУ“.

Калас во својата објава напиша и дека со нетрпение го очекува своето патување во Босна следната година. Таа не го прецизираше датумот на пристигнување. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан