• недела, 22 декември 2024

Калас: Европа има три ди пет години да се подготви за руската закана

Калас: Европа има три ди пет години да се подготви за руската закана

Талин, 16 јануари 2024 (МИА) - Европа има меѓу три и пет години да се подготви Кремљ да стане сериозна воена закана за источното крило на НАТО, изјави за Тајмс естонската премиерка Каја Калас.

Калас се потпира на извештајот на Естонската служба за надворешно разузнавање (ВЛА) во кој се наведува дека Москва ги смета Естонија и другите две балтички држави за „најранливиот дел од НАТО“ и нејзината најверојатна цел за напад.

ВЛА објави дека највисок приоритет на Кремљ по завршувањето на борбите во Украина ќе биде брзото обновување на силите во западниот воен округ на Русија, веднаш до источните граници на НАТО.

Естонската служба за надворешно разузнавање наведе и дека Русија, од перспектива на балтичките земји, се уште има доволно моќ да изврши веродостоен воен притисок во тој регион.

По серијата украински неуспеси на бојното поле, расте загриженоста во Алијансата за тоа колку долго можеби ќе треба НАТО да се подготви за повторно појавување на руските сили на границите, пишува британскиот весник.

„Како резултат на тоа, Естонија силно бара од своите западни сојузници да ја удвојат воената помош за Украина со надеж дека ќе зададат решавачки удар на територијалните аспирации на Русија во годините што доаѓаат“, додава весникот. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан