• понеделник, 04 ноември 2024

Како ВИ би го направило продолжението на „Војна на ѕвездите“ режирано од Вес Андерсон

Како ВИ би го направило продолжението на „Војна на ѕвездите“ режирано од Вес Андерсон

Лос Анџелес, 4 мај 2023 (МИА) - Филмаџии, со помош на чет-ботови со вештачка интелигенција (ВИ), обмислија како би изгледал трејлер на филмот „Војна на ѕвездите“ под режисерската палка на Вес Андерсон. Резултатот, видео под наслов „Галактички кафез“ стана хит на интернет-просторот.

Создаден од режисерот Кејлеб Вард во име на неговата видеопродукција, едноминутната видеоснимка е прегледана речиси два милиони пати на Твитер и милион пати на Јутјуб од 29 април досега. Како што вели Вард, за снимањето на филмот биле потребни неколку дена, со помош на генераторот на слики со вештачка интелигенција „Мидџурни“, којшто ги создал сите визуелни елементи и „Чет-ГПТ“ - „автор“ на сценариото.

Занимливо е тоа што програмата, меѓу другото, ја посочува и Скарлет Јохансон како еден од главните женски ликови.

- Бев љубопитен да видам како алатките со вештачка интелигенција може да се применат во контекст на снимањето филм, па решив да комбинирам различни алатки со вештачка интелигенција за да создадам едно видео... На некој начин, вештачката интелигенција беше режисер, јас играв само споредна улога, вели Вард.

Наместо да најми гласовен актер, тој користел генератор за глас со вештачка интелигенција. А пак, за сценариото, вели, целосно се погрижил „Чет-ГПТ“.  си/ссм/

Фото: Извадок од видеото.

Остани поврзан