• петок, 26 април 2024

„Каква пазарна економија сакаме?“, месечно обраќање на актуелна тема на Стопанската комора

„Каква пазарна економија сакаме?“, месечно обраќање на актуелна тема на Стопанската комора

Скопје, 21 март 2023 (МИА) - Со обраќање на тема „Каква пазарна економија сакаме?“ на Зоран Јовановски, потпретседател и советник за макроекономски прашања и јавни финансии во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора, денеска Комората почнува со месечни обраќања на актуелна тема.

-Целта е да се актуелизираат одредени теми кои што се од интерес за бизнис секторот, на јавноста да ѝ се понуди нешто ново, свежо и различно, но и да се испратат конкретни пораки до носителите на економските политики за клучните приоритети во државата, велат од Стопанската комора.

Во месечните обраќања, додаваат,  ќе може да се слушнат ставови на врвни бизнисмени и лица со експертиза и висока репутација во општеството, кои доаѓаат од редовите на Комората, но и надвор од неа. вј/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан