• петок, 17 јануари 2025

Каиро домаќин на „технички“ разговори за спроведување на примирјето во Појасот Газа

Каиро домаќин на „технички“ разговори за спроведување на примирјето во Појасот Газа

Каиро, 17 јануари 2025 (МИА) – Посредници од Египет, Катар, САД и Израел денеска во Каиро ги утврдуваат „механизмите“ за спроведување на примирјето во Појасот Газа.

Како што јави „Ал-Кахера њуз“ повикувајќи се на неименувани извори, техничките состаноци што денеска почнаа во Каиро, се со цел „да се постават механизми за спроведување на договорот за прекин на огнот во Газа со учество на египетски, катарски, американски и израелски тимови“. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан