• понеделник, 23 декември 2024

Казнети 177 пешаци, дури 156 за преминување улица надвор од пешачки

Казнети 177 пешаци, дури 156 за преминување улица надвор од пешачки
Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Санкционирани се  177 пешаци во текот на вчерашниот ден во периодот од 10.00 до 15.00 часот во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.
 
При контролата, информираат од МВР, од вкупно казнети 177 пешаци, 156 се за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин...
 
За време на контролата санкционирани се и 89 други видови на прекршоци.
 
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. цр/
 
Фото:МИА

Остани поврзан