• сабота, 04 мај 2024

Казнети 177 пешаци во сообраќајна контрола на територија на државата 

Казнети 177 пешаци во сообраќајна контрола на територија на државата 

Скопје, 22 март 2024 (МИА) - Во сообраќајна контрола на територијата на државата спроведена од полицијата вчера од 9 до 14 часот, казнети биле 177 пешаци, од кои 139 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, за време на контролата санкционирани се и 131 други видови сообраќајни прекршоци.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, соопшти МВР. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан