• петок, 03 мај 2024

Кадетките на РК „Делчево“ го освоија трофејот на Меѓународниот турнир „Растимо“ во Нови Сад

Кадетките на РК „Делчево“ го освоија трофејот на Меѓународниот турнир „Растимо“ во Нови Сад

Делчево, 18 февруари 2024 (МИА) - Женската кадетска екипа на Ракометниот клуб „Делчево“ го освои трофејот на силниот Меѓународен турнир „Растимо - Трофеј Града Новог Сада“ кој викендов се одржа во Нови Сад, Србија. Во финалето делчевки го победија домашниот тим на РК „Војводина“ со резултат 18:19 (8:8).

-Денеска во полуфиналето славевме над тимот на Зрињски од БиХ со 19:09. Во големото финале после тешка и макотрпна беспоштедна борба беше совладана одличната домашна екипа на Војводина со еден гол разлика. Честитки на нашите кадетки кои заслужено го освоија трофејот, истакна тренерот на екипата Горан Велков.

Успехот е уште поголем, ако се има предвид дека на турнирот настапуваат најквалитетните женски кадетски екипи од бившите ЈУ простори. 

-На турнирот нашите ракометарки имаа што да научат и со тоа уште подобро да се подготват за предизвиците кои ги очекуваат во домашното првенство, додаде Велков.

Екипата од Делчево во наредниот период ги продолжува натпреварите во кадетска и пионерска конкуренција каде се наоѓа меѓу екипите кои според моменталната табела ќе обезбедат влез во разигрувањето. вс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан