• четврток, 26 март 2026

Кавадарци утре ќе им оддаде почит на загинатите во дискотеката во Кочани 

Кавадарци утре ќе им оддаде почит на загинатите во дискотеката во Кочани 

Кавадарци, 17 март 2025 (МИА) - Кавадарци утре ќе им оддаде почит на загинатите во дискотеката во Кочани. Организаторите на настанот ги повикаа кавадарчани со цвеќе или свеќа да дојдат во 12 часот на градскиот плоштад.

Истовремено на фејсбук страница посветена на градот Неготино се повикува на донација за ужалените семејства со починати и повредени деца.

- Секој што може да остави како донација во форма на аналгетици, мелеми за изгореници, чиста памучна постелнина, завои, течности за отоци и слично, слободно пишувајте предлози. Во последниот дуќан од пазарот што го држи Здружение „Надеж Мит“ во текот на цела недела ќе се собира донација, што потоа лично ќе биде однесена до Кочани, се вели во објавата.

Бројни настани што беа закажани во Кавадарци за оваа седмица се откажани поради трагедијата во Кочани. свд/мд/


Фото: Фејсбук страници 

Остани поврзан