• вторник, 03 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кавадарци домаќин на 20. Образовно рандеву 

Кавадарци домаќин на 20. Образовно рандеву 

Кавадарци, 24 април 2025 (МИА) - Општина Кавадарци е домаќин на јубилејното 20. Образовно рандеву, на кое се претставуваат и натпреваруваат средни училишта од целата држава. 

Од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев попладнево потсетија дека станува збор за манифестација што две децении го обединува најдоброто од младинскиот дух, интелектуалниот капацитет и визијата за подобра иднина. Оттаму истакнаа дека Кавадарци отсекогаш бил град кој верува во моќта на образованието, вложува во образованието, инвестира во модерни училишта, нова опрема и подобри услови за учење, поддржува младински проекти, иницијативи и иновации. 

- Создава услови во кои секој млад човек може да сонува и да го исполни својот сон во својата заедница - тука, во општина Кавадарци. Образовното рандеву е ваша сцена, но и наша заедничка шанса да ја потврдиме вербата дека образованието не е обврска - туку можности. Не е товар-туку моќ. Денес сме домаќини на една манифестација која не само што трае два дена, туку остава трага што се памети со години, подвлекоа од кабинетот на Јанчев. 

Притоа посакаа ова Образовно рандеву да  биде патоказ, поттик и мотивација.

- Кавадарци е со вас- денес, утре и секогаш кога ќе чекорите напред. Со искрена благодарност до МАССУМ, наставниците и сите кои се вложија во овој настан, особено учениците, додадоа од кабинетот на Јанчев. свд/мд/


Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан