Кавадарци доведе вода до градската депонија Мелци
- Општина Кавадарци доведе вода до градската депонија Мелци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, осврнувајќи се на придобивките од реализацијата на овој нов проект.
Кавадарци, 29 август 2025 (МИА) - Општина Кавадарци доведе вода до градската депонија Мелци, информираа денеска од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев, осврнувајќи се на придобивките од реализацијата на овој нов проект.
- Општина Кавадарци и ЈП „Комуналец“ успешно реализираа уште еден значаен проект – доведување вода до градската депонија Мелци. Изградена е водоводна линија во должина од 800 метри со ПЕ црево Ф63, инсталирана е пумпа и обезбеден е посебен кабел исклучиво за депонијата. Со оваа инвестиција, Кавадарци станува една од првите општини во државата со обезбеден систем за гаснење пожари на депонија, соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму подвлекоа дека ова претставува голем чекор кон поголема безбедност и заштита на животната средина. свд/вј/
Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев