• недела, 22 декември 2024

Кавадаречки пензионери од „Достоинствен живот“ против правење листи за пратеници на претстојните парламентарни избори 

Кавадаречки пензионери од „Достоинствен живот“ против правење листи за пратеници на претстојните парламентарни избори 

Кавадарци, 1 април 2024 (МИА) - Кавадаречките пензионери од Здружението на пензионери „Достоинствен живот“ се против правење листи за пратеници на претстојните парламентарни избори. За ова попладнево известија од Извршниот одбор на Здружението во Кавадарци. 

Во известувањето испратено до медиумите се наведува дека по последните случувања и објави во јавноста дека пензионерите од ова здружение прифаќаат листа на пратеници на одредена политичка партија за претстојните избори, информираат дека тоа е против желбите и интересите на пензионерите членови на ова здружение. 

- Се оградуваме од дејствијата преземени од одредена група на здружението на пензионери, која без валидна одлука на органите на здружението, самоволно донела одлука за правење списоци, со листи за пратеници за претстојните избори, пишува во известувањето. свд/мд/

Фото: МИА архива и Здружение на пензионери „Достоинствен живот“ Кавадарци 

Остани поврзан