• недела, 14 јули 2024

Кавадаречкиот Дедо Мраз, Вареловски, со помош за социјално загрозени семејства

Кавадаречкиот Дедо Мраз, Вареловски, со помош за социјално загрозени семејства
Кавадарци, 7 јануари 2021 (МИА) - Кавадаречкиот Дедо Мраз, Ѓорѓи Вареловски, кој 23 години пречекува и радува дечиња во празнично уредениот двор за новогодишните празници, традиционално за Божиќ посети неколку социјално загрозени семејства од поширокиот регион. Вареловски на семејствата им однесе пари, прехранбени производи и хигиенски средства. - Околу 1.200 дечиња годинава го посетија дворот на Дедо Мраз и беа дел од празничната магија, посакувајќи здравје, мир и среќа за сите. Нема поубаво нешто од нивните насмевки, изјави Вареловски за МИА. Дворот на Дедо Мраз во Кавадарци ќе биде отворен за празнична посета до крајот на јануари. свд/фф/

Остани поврзан