• недела, 22 декември 2024

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека шефот на Мосад се врати од Доха каде се разговараше за договор

Кабинетот на Нетанјаху соопшти дека шефот на Мосад се врати од Доха каде се разговараше за договор

Тел Авив, 28 октомври 2024 (МИА) – Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска соопшти шефот на Мосад Давид Барнеа се вратил од Доха по состаноците со катарскиот премиер Шеик Мохамед бин Абдулрахман ал-Тани и директорот на ЦИА Вилијам Барнс, каде страните разговараа за нов нацрт-договор кој ги комбинира претходните предлози и ги зема предвид неодамнешните настани.

- Во наредните денови, разговорите меѓу посредниците и Хамас ќе продолжат да ја испитуваат изводливоста на преговорите и континуираните напори за унапредување на договорот, соопшти канцеларијата на Нетанјаху на X.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја поздрави подготвеноста на Египет да го унапреди договорот за ослободување на заложниците, се вели во објавата.

Изминатиот викенд во Доха се одржаа преговори за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. јт/

Остани поврзан