• сабота, 23 ноември 2024

И Џулија Ормонд го тужи Харви Вајнстин за сексуален напад

И Џулија Ормонд го тужи Харви Вајнстин за сексуален напад

Њујорк, 5 октомври 2023 (МИА) - Британската глумица Џулија Ормонд поднесе тужба против поранешниот филмски продуцент Харви Вајнстин, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал во 1995 година, а потоа ѝ нанел штета на кариерата.

Таа исто така ги обвинува и продуцентските компании „Волт Дизни“, „Мирамакс“, како и нејзините поранешни агенти во САД дека знаеле оти Вајнстин е напасник и опасност за жените, но не направиле ништо во врска со тоа. Глумицата во својата тужба тврди дека била „ѕвезда во подем“ кога го запознала Вајнстин во 1994 година.

Поранешниот продуцент е веќе осуден сексуален напасник кој издржува затворски казни за повеќе дела.

Ормонд ја поднесе тужбата до државниот Врховен суд во њујоршката општина Менхетн, според Законот донесен лани во САД. којшто им овозможува на можните жртви на сексуален напад во минатото да поднесат обвинение, дури и ако вообичаениот временски рок за тоа во дадената сојузна држава е поминат.  си/

Фото: EPA

Остани поврзан