• сабота, 21 декември 2024

И руската армија ангажирана во гаснење на пожарите во Сибир

И руската армија ангажирана во гаснење на пожарите во Сибир
Москва, 17 јули 2021 (МИА) - Авиони и хеликоптери на руската армија помагаат во гаснење на пожарот во Сибир, при што се фрлени 370 тони вода во изминатите 24 часа во Јакутија, соопшти рускотo Министерство за одбрана. Транспортните авиони Ил-76 неколку дена се ангажирани во североисточниот дел на Сибир, како и хеликоптерите, кои учествуваат во гаснење на огнот и ги транспортираат пожарникарите. Повеќе од 2.000 пожарникари учествуваат во гаснењето на пожарот. Според Руската државна агенција за управување со шумските пожари Авијалесукрана соопшти дека повеќе од 300 пожари зафатиле околу 857.000 хектари, а најпогодена е Јакутија, каде 144 пожари зафатија над 725.000 хектари. Шумските пожари во Русија се предизвикани од многу високите температури на воздухот, како и од небрежност. ми/

Остани поврзан