• среда, 15 мај 2024

Иџе: Трократен европски шампион за мојата Македонија

Иџе: Трократен европски шампион за мојата Македонија

Бузет, 17 септември 2023 (МИА) - Македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе ја освои третата титула во Европскиот шампионат за ридско-планински трки.

 

Стефановски денес беше најбрз на двете трки во Бузет, Хрватска.

 

- Трократен Европски Шампион за мојата Македонија, за мојот народ. Бидете горди,испишавме нова историја!!! – стои во објавата на Стефановски на социјалните мрежи.

 

Претходно Македонецот беше шампион во 2014 и 2015 година. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан