• среда, 25 декември 2024

Итна седница на Советот за безбедност на ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно

Итна седница на Советот за безбедност на ОН: Ниту едно место во Газа не е безбедно

Њујорк, 30 октомври 2023 (МИА) - Итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за хуманитарната криза во Појасот Газа почна денеска во Њујорк. Седницата беше свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.

Првиот човек на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) Филип Лазарини нагласи дека нивото на уништување низ Газа е без преседан и дека „човечката трагедија што се одвива под наша стража е неподнослива“.

Тој додаде дека и покрај тоа што израелските власти рекоа половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа се убиени додека барале засолниште, додаде Лазарини.

-Многу пати кажав и ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа, рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670 илјади луѓе во преполнети училишта и подруми. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан