• понеделник, 23 декември 2024

Итната помош во Прилеп со двојно повеќе интервенции, ситуацијата ја усложнува корона вирусот

Итната помош во Прилеп со двојно повеќе интервенции, ситуацијата ја усложнува корона вирусот
Прилеп, 30 јули 2022 (МИА) - Двојно е зголемен бројот на интервенциите во прилепската служба за Итна помош. Според Снежана Петровска, раководителка на Итната помош вели дека жешкото време е голем проблем за хроничните болни кои се со зајакнати симптоми, а засиленото враќање на корона вирусот ја усложнува ситуацијата. - Повеќе од двојно се зголемени интервенциите. Во викендите, кога матичните лекари не работат, има и преку 150 интервенции. Најтешко им е на хроничните болни, а со засиленото враќање на корона вирусот ситуацијата е отежната. На пример во 50 до 100 случаи, имало и половината да се со симптоми на коронавирусот. Апелираме до граѓаните кога доаѓаат на преглед задолжително да носат заштитни маски и да внимаваат на здравјето, зашто летово речиси целоно ги опушти сите, вели Петровска. Итната помош останува со недостигот на лекари иако во август службата ќе се пресели во нови простории во рамките на болницата. Има девет лекари од кои две третини се со над 60 години, а потребни се барем петнаесет. - Ситуацијата малку ја ублажува проектот за ангажман на лекари со платена практика, но останува потребата за лекарки кадар. Се трудиме целосно на граѓаните да им излеземе во пресрет, меѓутоа проблемот треба да се решава, смета Петровска. Во ова жешко време кога главно сите се на отворено, загрижувачи е бројот на каснати од змија. Според Кети Смилеска, директорка на Општата болница со проширена надлежност, речиси секој втор ден има  потреба од лекарска помош, има и хоспитализации. - Последниве недели речиси секој втор ден има потреба од лекарска интервенција за каснати од змија. Има и хоспитализации во инфективното одделение, а при еден случај пациентот мораше да се транспортира на скопските клиники. Во болницата имаме доволно серум со противотров, вели Смилеска. ем/аа/

Остани поврзан