• недела, 22 декември 2024

Итен состанок на СБ на ОН поради ситуацијата на полско-белоруската граница

Итен состанок на СБ на ОН поради ситуацијата на полско-белоруската граница
Њујорк, 10 ноември 2021 (МИА) - Советот за безбедност на Обединети нации за утре закажа итен состанок за кризата со мигрантите на границата помеѓу Полска и Белорусија. Средбата, на барање на Естонија, Франција и Ирска, ќе се одржи зад затворени врати. Тензиите помеѓу Полска и Белорусија не се смируваат. Варшава денеска го обвини Минск за „државен тероризам“. Околу 800 мигранти во придружба на белоруските служби вчера пристигнаа до полскиот граничниот премин Кужњица и се обидоа да се пробијат преку бодликавата жица во Полска, но беа запрени од кордон полицајци, кои употребија и солзавец. ми/

Остани поврзан