• четврток, 25 април 2024

Италија ќе издвои 100 милиони евра итна помош за поплавените подрачја

Италија ќе издвои 100 милиони евра итна помош за поплавените подрачја

Рим, 23 мај 2023 (МИА) - Италијанската Влада денеска ќе испрати финансиски средства во регионите погодени од поплавите, во кои загинаа 14 лица, неколку десетици илјади се раселени, додека илјадници хектари земјоделско земјиште останаа под вода.

Владата на Џорџа Мелони ќе додели околу 100 милиони евра итна помош за регионот Емилија Ромања, кој е најпогоден од поплавите.

Поради поплавите повеќе од 36.000 луѓе се раселени, а неодамна во свлечиштата беа пронајдени 14 бомби.

Поплавите предизвикаа повеќе од 305 свлечишта и оштетија повеќе од 500 патишта во регионот.

Шест месеци дожд паднаа за само 36 часа минатата недела, поради што околу 20 реки се излеаа од коритата. Улиците се претворија во реки од кал и водата потопи големи површини обработливо земјиште и многу сточарски фарми.

Според експертите, климатските промени покрај човековата активност го зголемуваат интензитетот и зачестеноста на екстремните временски појави, како што се топлотни бранови, суши и шумски пожари, но и бури проследени со обилни дождови. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан