• недела, 22 декември 2024

Италија ја елиминира Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2020

Италија ја елиминира Белгија во четвртфиналето на ЕУРО 2020

Минхен, 2 јули 2021 (МИА) – Италија ќе игра против Шпанија во полуфиналето на ЕУРО 2020, откако Азурите триумфираа вечерва во Минхен над Белгија со 2:1 (2:1).

Италијанците, кои во натпреварот влегоа во серија од 31 натпревари без пораз, дојдоа до својата 13 последователна победа со головите на Никола Барела во 31. минута и Лоренцо Инсиње (44 м.).

Ромелу Лукаку во судиското продолжение од првото полувреме го намали водството на Италија од пенал, но Белгија не успеа во продолжението да постигне и втор гол со што стави крај на својата серија од 13 натпревари без пораз и го заврши настапот на Европското првенство.

Полуфиналните двојки на ЕУРО 2020 ќе се комплетираат утре со натпреварите меѓу Чешка – Данска, со почеток од 18 часот во Баку, и Украина – Англија, од 21 часот во Рим. ег/зс/

Остани поврзан