• среда, 10 декември 2025

Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот

Италија се пласира во полуфиналето на Дејвис купот

Болоња, 20 ноември 2025 (МИА) - Италија ја победи Австрија во четвртфиналето на Дејвис купот. Пресметката заврши 2:0, немаше потреба да се игра мечот во двојки.

Матео Беретини го победи Јури Родионов (6:3, 7:6 (7:4)), а Флавио Коболи го победи Филип Мишолиќ (6:1, 6:3).

Во полуфиналето, Италијанците ќе се соочат со Белгија. 

Италија е актуелен шампион на Дејвис купот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан