• понеделник, 13 мај 2024

Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот

Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот

Малага, 26 ноември 2023 (МИА) - Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот 2023 победувајќи ја вечерва Австралија во финалето. Завршниот турнирот се одржа во Малага, Шпанија.

На последниот ден од натпреварувањето, Италијанецот Матео Арналди го победи Алексеј Попирин, претставник на Австралија (7:5, 2:6 и 6:4), а неговиот сонародник Јаник Синер го победи Алекс Де Минаур во два сета (6:3 и 6: 0).

Немаше потреба да се игра мечот во двојки.

Репрезентацијата на Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот. Претходно, Италијанците го освоија трофејот во ова натпреварување во 1976 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан