Италија го освои Европското првенство за одбојкарки до 19 години
- Одбојкарките на Италија се победнички на Европското првенство У-19 во Скопје. Италијанките вечерва во маратонски меч ја победија Србија со 3:2.

Скопје, 4 септември 2022 (МИА) – Одбојкарките на Италија се победнички на Европското првенство У-19 во Скопје. Италијанките вечерва во маратонски меч ја победија Србија со 3:2.
По речиси три часа игра, младите одбојкарки на Италија се радуваа на трофејот по 17:25, 27:25, 25:21, 15:25 и 17:15.
Во предигра на финалето, Полска со 3:1 ја совлада Холандија и го освои бронзениот медал.
На турнирот кој се играше во Скопје учествуваше и македонската репрезентација која на крајот не успеа да освои ниту еден сет и заврши како последнопласирана (12. место). зс/