• среда, 03 јули 2024

Италијанците почнаа да објавуваат преговори меѓу судиите и ВАР

Италијанците почнаа да објавуваат преговори меѓу судиите и ВАР

Рим, 26 септември 2023 (МИА) - Италијанската фудбалска федерација, Здружението на италијански судии и компанијата ДАЗН се договорија за проект за развој на тамошниот  фудбал. Конкретно договорена е програма „Отворен ВАР“ посветена на судењето.

 

Првата емисија се случи на 24 септември. Во неа, менаџерот на судиите во Серија А и Б, познатиот судија Џанлука Роки, ги анализираше натпреварите од 4. коло на италијанското првенство, кои се одиграа од 16 до 18 септември. На ТВ гледачите детално им беше прикажана работата на судиите и нивните видео асистенти, им беше дадена можност да ги слушаат нивните преговори, а Роки сето тоа го коментираше и објаснуваше.

 

Италијанските судиски ваквиот начин на комуницирање со јавноста го нарекуваат „историски момент“ и се надеваат дека проблемите со судењето ќе им станат појасни на навивачите, а процесот на одлучување за време на натпреварот може да биде потранспарентен.

 

Планирано е емисијата „Отворен ВАР“ да се емитува редовно по секое коло. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан