• петок, 03 мај 2024

Исчистен паркот кај комплексот ,,Стара гимназија” во Берово

Исчистен паркот кај комплексот ,,Стара гимназија” во Берово
Берово, 3 јули 2021 (МИА) - Исчистен паркот кај комплексот ,,Стара гимназија” во Берово во соработка меѓу беровската Општина и совесни граѓани кои самоиницијативно се пријавиле да го исчистат овој простор. - Откако бевме сведоци на една многу неубава слика, на расфрлано ѓубре, насекаде по детскиот парк, кај комплексот ,,Стара гимназија” по реакцијата на социјалните мрежи, нашиот сограѓанин Димитар Гошевски заедно со службите на Јавното претпријатие „Услуга“ од Берово темелно го исчистија теренот, истакнаа од општината. Апелираа до сите граѓани и посетители да се однесуваат совесно, се со цел зачувување на животната средина. - Заедно да ги победиме лошите навики и несовесното однесување кон животната средина, да ја чуваме природата и да го фрламе отпадот онаму каде што му е местото, порачаа од општината. Со цел да се подигне нивото на јавна чистота и Берово да го задржи приматот на еколошки чисто гратче, во насока на подобрувањр на комуналната хигиена, општина Берово деновиве дополнително ангажираше 20 лица за извршување јавни работи на територијата на општината. вс/свс/

Остани поврзан