Исчистена и конзервирана историската фонтана од 1872 година во центарот на Атина
- Фонтаната, што од 1872 година е историско обележје на плоштадот Синтагма во центарот на Атина по над едно месечната конзервација и чистење, одново е во функција, а според атинскиот градоначалник Харис Дукас, станува збор за прво одржување со помош на специјализиран научен тим во 153-годшшната историја на фонтаната што има статус на споменик, јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 26 август 2025 (МИА) – Фонтаната, што од 1872 година е историско обележје на плоштадот Синтагма во центарот на Атина по над едномесечната конзервација и чистење, одново е во функција, а според атинскиот градоначалник Харис Дукас, станува збор за прво одржување со помош на специјализиран научен тим во 153-годшшната историја на фонтаната што има статус на споменик, јави дописничката на МИА од Атина.

Беше затворена месец и половина, а од општина Атина информираа дека во Одделот за културно наследство досега не е евидентирано научно одржување на фонтаната на која, освен оштетувањата со текот на годините, вандализмот и влијанието на временските услови имало и претходни аматерски интервенции и несоодветни чистења.

Мермерната фонтана има статус на споменик и согласно законот подлежи на соодветен режим на заштита, а по барање на град Атина, Дирекцијата за конзервација на антички и понови споменици при Министерството за култура и спорт изработи студија за конзервација, која беше реализирана од Одделот за културно наследство при Дирекцијата за урбанистичко планирање и животна средина на Град Атина, вклучувајќи го проектот во програмата „Конзервација на отворени скулптури на Град Атина“.

- Историската фонтана на плоштадот Синтагма, бисер од 1872 година, изработена од пентелиски, добива нов живот. Првпат по 153 години, извршивме научно чистење на површините, како и целосна конзервација. Работите беа изведени со „хируршка“ прецизност од специјализиран стручен кадар. Станува збор за голем проект, што беше завршен со беспрекорен професионализам и почит кон историјата на споменикот. Фонтаната – симбол во срцето на Атина, го добива сјајот што го заслужува, рече градоначалникот на Атина, Харис Дукас.

На самата фонтана е изгравирано „Општина Атина 1872“ што ја означува годината на изградба, а според библиографијата авторот е архитект Ернсет Цилер, еден од најважните и најпознатите архитекти во Грција, кој кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, дизајнираше и надгледуваше изградба на стотици кралски и општински згради во Атина, Патра и други грчки градови.

Долниот дел од фонтаната се состои од 27 архитектонски елементи, со должина од 40 до 110 сантиметри (најголем дел од камените блокови се долги околу 100 сантиметри) и висина од 55 сантиметри.
Поради наклонот на теренот, фонтаната има вкупна висина од 60 сантиметри на горната страна од плоштадот и 88 сантиметри на долната страна. ср/ссм/
Фото: МИА