• среда, 26 јуни 2024

Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници

Исчезна воен хеликоптер со потпретседателот на Малави и уште девет патници

Лилонгве, 10 јуни 2024 (МИА) – Јавноста во Малави стравува дека потпретседателот на земјата Саулос Чилима можеби загинал кога неговиот хеликоптер принудно слетал во шумата Чикангава и не слетал на аеродромот Мзузу поради неповолни временски услови.

Порталот Малави24 јави дека потпретседателот Чилима бил во хеликоптерот на вооружените сили на Малави со кој патувал на погребот на адвокатот Ралф Касамбаре, пренесува Зимабабве мејл.

Откако не можел да слета на аеродромот Мзузу, хеликоптерот се обидел да се врати, но се стравува дека се урнал во областа на шумата Чикангава. јт/

Фото: Малави24

Остани поврзан