• недела, 22 декември 2024

Истрага и апсења поради модна фотосесија во џамија во Анкара

Истрага и апсења поради модна фотосесија во џамија во Анкара

Анкара, 15 август 2023 (МИА) - Турските власти покренаа истрага за модна фотосесија во џамијата Коџаитепе во Анкара, јави турската приватна телевизија НТВ.

Генералното обвинителство на Анкара соопшти дека во рамките на истрагата се приведени две лица, директорот Б.К. и моделот Е.Ј.

Владата на Анкара, исто така, започна административна проверка и истрага.

Фотографиите се направени и внатре и надвор од џамијата. Сесијата беше наречена „Магијата на спротивставените“.

Режисерот сподели фотографии на социјалните мрежи кои предизвикаа реакции во јавноста, вклучително и поради облеката на манекенката.

Истрагата од страна на главниот обвинител на Анкара е покрената поради „јавно понижување на верските вредности прифатени од дел од општеството“, соопшти телевизијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан