• недела, 22 декември 2024

Историски ден за словенечкиот спорт, злато и бронза на Игрите во Пекинг

Историски ден за словенечкиот спорт, злато и бронза на Игрите во Пекинг
Пекинг, 5 февруари 2022 (МИА) – Словенечките претставнички во скијачки скокови Урша Богатај и Ника Крижнар и донесоа историски успех на својата земја, освојувајќи златен и бронзен медал на денешниот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Пекинг. Богатај со вкупно 239 бодови се закити со златото, додека Крижнар (236.8) ја освои бронзата. Словенија до денеска немаше златен олимписки медал, а на Игрите во Сочи освои сребро и бронза со кои се закити Петер Превц, исто така, во скијачки скокови. Меѓу двете словенечки олимпијки на подиумот денеска се искачи Катарина Алтхаус, која го освои сребрениот медал. ег/паг/

Остани поврзан