• четврток, 14 ноември 2024

Исмаил: Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

Исмаил: Левица ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски

30 јули 2024

 Денес политичката партија Левица најави дека ќе поднесе интерпелација за Антонио Милошоски, потпрестседател на Собранието. Како што истакна на прес конференцијата пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил интерпелацијата е за негово учество на работна сесија на четвртиот Самит на ИПАК, најголема неформална група на пратеници која е формирана како одговор на кинеското ширење на интереси во светот.

-Учеството на потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, на овој т.н. Самит за Кина, кој се одржува во Тајпеј, град во Тајванската провинција на Народна Република Кина, е дипломатски несмасно и неумесно, а во крајна линија со потенцијал дополнително да ја загорзи меѓународната позицијата на Македонија. Самото членување на пратеници од нашето Собранието во оваа неформална т.н. Интерпарламентарна алијанса за Кина, е неприфатливо и надвор од рамките на политиката на Кина, која впрочем е и официјална политика на Република Македонија, произлеена токму од важечките одлуки на ова Собране, истакна Исмаил.

Според Левица активностите на оваа алијанса не се насочени кон унапредување на билатералните односи за економска или некаква друга слична соработка, а најмалку се од интерес на Македонија. Исмаил истакна дека оваа Алијанса е само алатка за провокација на Народна Република Кина со тоа што нејзините активности се во поддршка и промоција на сепаратизмот и сецесионизмот во Тајпеј.

-За крај, би сакал да ги потсетам сите избрани пратеници на Собранието на Република Македонија, а посебно оние од мнозинството предводено од ДПМНЕ, дека во едно и не така далечно минато, Влада предводена токму од ДПМНЕ, поради слична авантура со Тајван, со слични непотребни и беспредметни непријателски и малициозни политички одлуки против Народна Република Кина - земја која секогаш давала принципиелна поддршка на Македонија - направи безбедносна штета што влијаеше во 2001 ва година да биде загрозен и доведен во прашање самиот опстанок на државата, рече Исмаил.

Политичка партија Левица

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан