• недела, 22 декември 2024

Исламска држава убила 14 лица во Авганистан

Исламска држава убила 14 лица во Авганистан

Кабул, 13 септември 2024 (МИА) - Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дајкунди, претежно населена со Хазари, објавија локалните медиуми.

Жртвите на нападот се жители на провинцијата Дајкунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите.

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матин Кани, синоќа го потврди инцидентот, но не даде повеќе детали.

Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан