• сабота, 22 февруари 2025

Хамас соопшти дека следната група заложници ќе биде ослободена како што е предвидено со Договорот за прекин на огнот

Хамас соопшти дека следната група заложници ќе биде ослободена како што е предвидено со Договорот за прекин на огнот

Газа, 21 јануари 2025 (МИА) – Хамас вчера соопшти дека следната група израелски заложници, кои се држат во Појасот Газа, ќе биде ослободена според планираното в сабота (25 јануари).

Соопштението беше објавено откако портпаролот на Хамас, Нахед ал Фахури изјави дека заложниците ќе бидат ослободени еден ден подоцна од очекуваното.

Планирано е Хамас да ги ослободи над 90 израелски заложници во наредните недели како дел од Договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Се очекува четворица заложници да бидат ослободени в сабота, седум дена по стапувањето во сила на Договорот за прекин на огнот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан