• петок, 05 декември 2025

Исклучена и втората единица од единствената нуклеарна централа во Белорусија

Исклучена и втората единица од единствената нуклеарна централа во Белорусија

Минск, 17 јули 2025 (МИА) – Втората од двете единици на единствената нуклеарна централа во Белорусија е исклучена од мрежата откако се активирал аларм поради отстапувања во системот за ладење во ненуклеарниот дел на постројката, соопшти белоруското Министерство за енергетика.

Како што се наведува во соопштението објавено на Телеграм каналот на Министерството, ситуацијата е рутинска и не претставува закана за безбедното работење на централата.

- Нивото на радијација во кругот на централата и во околната зона на надзор останаа непроменети, се нагласува во соопштението. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан