Исени: МВР и Црвен крст - партнерство потврдено низ децениите заедничка соработка
- -Припадниците на Министерството за внатрешни работи заедно со членовите и активистите на Црвениот крст во сиве овие години наназад биле и секако ќе останат целосно посветени и блиски во сите активности каде што хуманоста и помошта бараат благовремено и ефикасно дејствување, истакнал заменик-министерот.

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени денеска присуствувал на свеченост по повод одбележувањето 80 години од постоење на Црвениот крст на Република Северна Македонија, на кое покровител годинава е претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова.
Како што информира МВР, при доделувањето на јубилејната плакета за поддршката и меѓусебната соработка на Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст, Исени ја истакнал посветеноста на припадниците на полицијата и на Црвенот крст во хумани задачи.
-Припадниците на Министерството за внатрешни работи заедно со членовите и активистите на Црвениот крст во сиве овие години наназад биле и секако ќе останат целосно посветени и блиски во сите активности каде што хуманоста и помошта бараат благовремено и ефикасно дејствување, истакнал заменик-министерот.
Исени подвлекол дека „природата на заедничките надлежности на двете институции налага градење заедничка соработка, комуникација, системи и концепти што ќе им бидат од помош на сите на кои помошта им е потребна, особено кога станува збор за кризните состојби од каков било карактер“. хс/дма/
Фото: Министерство за внатрешни работи