• сабота, 21 декември 2024

Ирачкиот Парламент донесе резолуција со која американските војници треба да ја напуштат земјата

Ирачкиот Парламент донесе резолуција со која американските војници треба да ја напуштат земјата
Багдад, 5 јануари 2020 (МИА) - Ирачкиот Парламент донесе резолуција со која се повикува Владата во Багдад да побара од американските трупи трајно да ја напуштат земјата. Ирачкиот Парламент ја повика Владата да го откаже „повикот за помош испратен до коалицијата предводена од САД“. Резолуциите на Парламентот, за разлика од законот, не се обврзувачки за Владата, но се верува дека ова веројатно ќе се земе предвид. Како што беше најавено, на вонредната седница присуствуваше и ирачкиот премиер Адел Абдул Махди, кој ја иницираше резолуцијата. - И покрај внатрешните и надворешните тешкотии што ги имаме, тоа е најдобрата одлука за Ирак, рече Абдул Махди. Одлуката е донесена по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, командант на иранската елитна единица Кудс, во американски воздушен напад во близина на меѓународниот аеродром во Багдад. паг/

Остани поврзан