• петок, 22 ноември 2024

Иран побара од МКС да ја запре израелската агресија врз Газа

Иран побара од МКС да ја запре израелската агресија врз Газа

Техеран, 28 ноември 2023 (МИА) – Шефот на иранската дипломатија, Хосеин Амир-Абдолахиан, испрати барање до Меѓународниот кривичен суд (МКС) да ја запре, како што наведе, „израелската агресија во Појасот Газа“. 

Иранското Министерство за надворешни работи денеска на својот канал Телеграм објави дека министерот Амир-Абдолахиан испратил писма со ваква содржина на барањето до претседателот и главниот обвинител на МКС, Пјотр Хофмански и Карим Ахмад Кан. 

Шефот на иранската дипломатија, според извештаите, побарал од претставниците на МКС да ги забрзаат сослушувањата „во врска со неодамнешните злосторства во Појасот Газа“, пренесуваат агенциите. 

„Варварското бомбардирање на Појасот Газа и израелската инвазија на енклавата, во која загинаа повеќе од 14.000 цивили, а најмалку 32.000 беа ранети, се јасни примери за воени злосторства“, соопшти Министерството. 

Иранското министерство тврди дека станува збор за злосторства против човештвото и геноцид. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан