• вторник, 24 декември 2024

Иран нема да ги обнови летовите за Сирија пред крајот на јануари

Иран нема да ги обнови летовите за Сирија пред крајот на јануари

Техеран, 24 декември 2024 (МИА) - Иранските авиокомпании нема да летаат за Сирија до крајот на јануари 2025 година, соопштија денеска локалните медиуми, две недели по смената на сирискиот претседател Башар ел Асад, долгогодишен сојузник на Техеран.

- За да летаме, земјата-дестинација мора да издаде дозвола за влез. Летовите за Сирија нема да бидат дозволени пред 22 јануари, изјави шефот на иранската Организација за цивилна авијација Хосеин Пурфарзане.

Не е познато кога точно Иран ги прекинал летовите за Сирија.

Двете земји имаат долга историја на блиски односи, започнати уште во 1970-тите години од Хафез ел Асад, таткото на Башар, многу пред основањето на Исламската Република Иран. Овие односи дополнително се зацврстија под водство на Башар ел Асад, особено со економската, финансиската и воената поддршка од Иран.

Меѓутоа, преземањето на власта во Дамаск од страна на коалицијата предводена од бунтовниците од групата „Хајат Тахрир ал-Шам“ изгледа го означува крајот на привилегираните врски.

Иран вчера соопшти дека нема „директен контакт“ со новите лидери во Сирија и ги советуваше своите граѓани да не патуваат таму. ссм/

фото: архива

Остани поврзан