• понеделник, 25 ноември 2024

Иран негира вмешаност во нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море

Иран негира вмешаност во нападите на Хутите врз бродови во Црвеното Море

Техеран, 24 декември 2023 (МИА) - Иранските власти денеска ги отфрлија американските обвинувања за вмешаност во неодамнешните напади на јеменските бунтовници Хути врз бродови во Црвеното Море.

„Отпорот (вооружените групи кои се борат против Израел) има свои сили и дејствува според сопствените одлуки и можности“, изјави иранскиот заменик министер за надворешни работи Али Багери за локалната новинска агенција Мехр.

Тој реагираше на „западните тврдења“ дека Техеран „ги информира јеменските бунтовници за локацијата на американските бродови“.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан претходно денеска изјави дека САД веќе побарале од Иран да не ги советува јеменските бунтовници да дејствуваат против американските и израелските интереси во регионот.

„Јасно им ставивме до знаење на Американците дека овие групи дејствуваат во согласност со нивните интереси“, рече иранскиот министер, додавајќи дека Иран не ги наредил нападите, ниту ќе им нареди да престанат.

Бунтовниците Хути тврдат дека дејствуваат како поддршка на Палестинците во нивната војна против Израел. Во последниве недели, Хутите напаѓаа бродови кои наводно се поврзани со Израел и превезуваа стока наменета за таа земја.

Белата куќа во петокот го обвини Иран дека е „вклучен во планирањето“ на неодамнешните напади на бунтовниците Хути, обезбедувајќи им „софистицирана воена опрема и разузнавачка помош“. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан