• недела, 24 ноември 2024

Иран и Пакистан свикаа состанок на муслиманските земји поради убиството на Ханија

Иран и Пакистан свикаа состанок на муслиманските земји поради убиството на Ханија

Техеран, 6 август 2024 (МИА) - Иран и Пакистан свикаа итен состанок на министрите за надворешни работи на членките на Организацијата за исламска соработка (ОИС), кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Средбата е свикана поради убиството на лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, во Техеран.

Состанокот, кој ќе се одржи во крајбрежниот град Џеда, „ќе се фокусира на злосторствата на израелската окупација и атентатот на Ханија“, соопшти ОИС, со седиште во Саудиска Арабија.

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека Иран побарал состанок заедно со Пакистан. ОИС, кој има 57 исламски членки, се претставува како глас на муслиманскиот свет. За разлика од Арапската лига, ОИС вклучува и влијателни неарапски држави, како Иран, Пакистан и Турција. ссм/

фото: архива

Остани поврзан