Иран: Знителен напредок на разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор
- На разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор од 2015 година, Иран и големите силе постигнаа „значителен напредок“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надвореш

Техеран, 21 февруари 2022 (МИА) - На разговорите во Виена за обнова на нуклеарниот договор од 2015 година, Иран и големите силе постигнаа „значителен напредок“, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибзадех.
Меѓутоа, „ништо не е договорено додека сè не е договорено“, додаде тој на брифингот, па појасни дека „останатите прашања се и најтешки“.
Високиот ирански безбедносен функционер, Али Шамхани, изјави дека продолжуваат разговорите со европските преговарачи и понатаму, но преговрите со САД не се на дневен ред, затоа што нема да донесат никаков „пробив“.
Во Виена, од април се одвиваат индиректните преговори меѓу Техеран и Вашингтон.
бд/зш/